1 00:00:04,000 --> 00:00:08,000 Кое место надвор од Соларниот систем е најдобро за потрага по живот? 2 00:00:09,500 --> 00:00:13,600 Користејќи ги телескопите на опсерваториите на ЕЅО во Чиле, астрономите 3 00:00:14,000 --> 00:00:20,000 откриле три планети околу темна џуџеста ѕвезда лоцирана на 40 светлосни години од Земјата. 4 00:00:20,781 --> 00:00:27,004 Овие светови имаат големини и температури слични на оние на Венера и Земја. 5 00:00:27,045 --> 00:00:34,100 Тие до сега можеби претставуваат најдобрите цели откриени во потрагата за живот во Вселената. 6 00:00:38,000 --> 00:00:40,717 Ова е ESOcast! 7 00:00:41,000 --> 00:00:48,751 Врвна наука и животот зад сцените во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија. 8 00:01:01,100 --> 00:01:04,783 Новите телескопи и современите инструменти 9 00:01:05,000 --> 00:01:11,200 им овозможија на астрономите да откријат и проучат голем број на планети околу други ѕвезди - 10 00:01:11,205 --> 00:01:13,885 познати како егзо - планети. 11 00:01:14,000 --> 00:01:19,100 Денес научниците се во потрага по планети на кои во блиска иднина можеме да откриеме живот - 12 00:01:19,300 --> 00:01:22,127 доколку постои. 13 00:01:22,500 --> 00:01:28,000 Астрономите се надеваат дека ќе откријат карактеристични белези на атмосферите на овие планети 14 00:01:28,002 --> 00:01:32,602 од молекули кои можат да индицираат присуство на живот. 15 00:01:35,820 --> 00:01:38,453 Но, во нашата галаксија постојат милијарда ѕвезди, 16 00:01:38,455 --> 00:01:42,563 па како астрономите можат да ги најдат планетите кои ги бараат? 17 00:01:43,100 --> 00:01:50,124 Типот на мала темна црвена ѕвезда наречена ултра - ладно џуџе е добро место за истражување. 18 00:01:50,250 --> 00:01:58,228 Овие типови на ѕвезди се единствените места каде со помош на постоечката технологија може да биде откриен живот на егзо - планети со големина на Земјата. 19 00:01:58,240 --> 00:02:02,547 Светлината од посјајните ѕвезди - како нашето Сонце на пример - 20 00:02:02,550 --> 00:02:08,143 може да ги отежни атмосферските мерења на планетите - кандидати. 21 00:02:10,300 --> 00:02:16,027 Меѓународен тим на астрономи го користеле белгискиот телескоп TRAPPIST 22 00:02:16,027 --> 00:02:21,715 за да ја следат сјајноста на ултра - ладна џуџеста ѕвезда во соѕвездието Водолија, 23 00:02:21,715 --> 00:02:24,897 наречена TRAPPIST - 1. 24 00:02:25,752 --> 00:02:28,500 Астрономите откриле дека оваа ѕвезда се затемнувала на редовни временски интервали 25 00:02:29,026 --> 00:02:34,200 што индицирало дека три планети поминувале помеѓу ѕвездата и Земјата - 26 00:02:34,201 --> 00:02:36,874 познато како транзит. 27 00:02:38,055 --> 00:02:44,960 Ѕвездата TRAPPIST - 1 е поладна и поцрвена од Сонцето и за малку поголема од Јупитер. 28 00:02:45,000 --> 00:02:50,358 Ваквите ѕвезди се честа појава во Млечниот пат и имаат долг век. 29 00:02:50,390 --> 00:02:56,604 Ова е прв пат да биде откриена планета околу овие ѕвезди. 30 00:02:59,200 --> 00:03:04,962 Транзитите обезбедуваат мноштво на информации за планетата. 31 00:03:06,100 --> 00:03:11,719 Тимот астрономи успеал да утврди дека овие три планети се слична по големина со Земјата 32 00:03:11,719 --> 00:03:15,620 и дека тие орбитираат многу близу до ѕвездата. 33 00:03:16,061 --> 00:03:24,300 Највозбудливо е тоа што е можно овие планети да поддржуваат услови за живот. 34 00:03:24,350 --> 00:03:32,976 Истражувањето покажало дека трите планети се погодни за откривање на биолошка активност. 35 00:03:36,000 --> 00:03:39,700 Следниот чекор е да се направат уште подеталени набљудувања, 36 00:03:39,800 --> 00:03:46,089 користејќи ги телескопите од следната генерација, како што е Европскиот Исклучително Голем Телескоп на ЕЅО 37 00:03:46,150 --> 00:03:51,700 и вселенскиот телескоп Џејмс Веб, кој ќе биде лансиран во Вселената во 2018 година. 38 00:03:51,750 --> 00:03:56,329 Со тоа ќе им се овозможи на астрономите да ги проучуваат атмосферите на ваквите планети, 39 00:03:56,330 --> 00:04:03,500 и да бараат молекули кои се поврзани со биолошка активност, како озон, метан или вода. 40 00:04:05,200 --> 00:04:12,637 Ултра - ладните џуџести ѕвезди се вообичаени - под овој тип на ѕвезди потпаѓаат дури 15% од ѕвездите во близина на нашето Сонце. 41 00:04:13,700 --> 00:04:18,396 Ова откритие отвара нова авенија во потрагата по планети, 42 00:04:18,396 --> 00:04:29,402 авенија која ќе не приближи до откривањето на доказ за постоење на живот на далечните светови. 43 00:04:48,635 --> 00:04:51,000 Транскрипција на ЕЅО; Превод на Андреј Стојчевски.